
Новиот имиџ му одговара на Алкараз - за 98 минути ја мина и втората пречка
Мечот траеше вкупно 98 минути, а само во третиот сет Италијанецот пружи малку поголем отпор откако првите два сета беа завршени за помалку од еден час. Белучи немаше никакви шанси, оствари само 11 винери и имаше 35 неизнудени грешки, а за целиот меч не дојде ни до една брејк топка. Сосема спротивно беше на страната на Алкараз кој се избори за дури 17 брејк топки и освои седум од нив.
Во третото коло, шпанскиот тенисер ќе се сретне со уште еден Италијанец, 32. носител Лучијано Дардери кој веќе го оствари најдобриот резултат во кариерата на УС Опен со пласманот во третиот круг.