Голманот кој го елиминира Јунајтед: Не ми е сеедно, јас сум навивач на Манчестер

Манчестер јунајтед синоќа загуби од четвртолигашот Гримсби на пенали во Лига Купот и повторно ги шокира своите навивачи, а голманот Кристи Пим на победничкиот состав по мечот даде интересна изјава.

Пим кажа дека од една страна е среќен за пласманот во следното коло на Купот, меѓутоа од друга страна жали затоа што испаднал тимот за кој навива.

„Бесен сум на некој начин, не ми е сеедно. Јас сум навивач на Манчестер јунајтед“, кажа голманот.