
Гримсби го посрамоти Јунајтед по маратонски пенали - трагичари беа новите засилувања! (ВИДЕО)
Натпреварот започна со по неколку прилики и на двете страни, а првиот шок за „црвените ѓаволи“ пристигна во 22. минута кога Бернам ја погоди мрежата на Онана. Не помина многу, само осум минути подоцна Варен се погрижи и за втор гол.
Со таа предност домашниот тим замина на паузата. Во второто полувреме избраниците на Рубен Аморим беа подобар тим, меѓутоа и Гримсби имаше свои шанси за трет гол. Кога не ги искористија стигна казната, прво Мбуемо во 75. минута намали на 2-1, а потоа Хари Мегваер во 89. минута стрелаше за 2-2. На крајот победникот се решаваше на пенали каде што се одеше до 13-тата серија.
Во маратонската пенал серија трагичари за Манчестер јунајтед беа новите засилувања Матеус Куња и стрелецот на голот од игра Мбуемо.
Во преостанатите натпревари од Лига Купот вечерв Фулам го доби Бристол сити со 2-0, Брајтон беше убедлив против Оксфорд со 0-6, доека Евертон запиша триумф над Мансфилд со 2-0.