
Ѓоковиќ победи уште еден Американец за трето коло на Ју-Ес Опен
Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и во првиот сет не видовме брејк, па така сетот се решаваше во тај-брејк каде што домашниот тенисер беше подобар во клучните моменти и го доби тај-брејкот со 7-5 за водство од 1-0 во сетови.
Во вториот сет видовме само еден брејк и тоа за Ѓоковиќ кој се покажа како доволен. Се играше шестио гем кога српскиот тенисер со 40-15 го освои сервисот на противникот и во продолжение одигра сигурно на свој сервис.
Третиот сет не започна добро за Ѓоковиќ, Свајда прв направи брејк и поведе со 3-1, но тој моомент како да го разбуди српскиот ас кој ги освои наредните пет гема и поведе со 2-1. За третиот сет Американецот кој е 145. на АТП листата како да немаше сили, па Новак го доби со убедливи 6-1.
Во следната рунда Ѓоковиќ ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Камерон Нори и Аргентинецот, Франциско Комесања.
Фото: EPA