
Србија тргна моќно на Евробаскетот, Јокиќ на чекор од трипл-дабл
Естонците немаа никакви шанси против фаворитот во овој натпревар кој уште на самиот старт најави во каква насока ќе оди натпреварот.
Натпреварот Јокиќ и друштвото го отворија со 9-0, а во тие први моменти ѕвездата на Денвер се истакна и со едно додавање без гледање во свој стил. Естонците средбата ја отворија со тројка по тие девет поени на Србите.
Во продолжение Србија во ниту еден момент не дозволи на противникот да го загрози водството, а на крајот од првата четвртина веќе имаа предност од 20 поени разлика (30-12).
Избраниците на Пешиќ во втората четвртина ја одржуваа предноста од 20-тина разлика и на пауза замина со 66-29 за во продолжение целосно да го прегазат противникот, разликата најмногу одеше до 43 поени разлика (94-51).
Никола Јовиќ беше најефикасен со 18 поени, го следеше Аврамовиќ со 13, 12 додаде Петрушев, додека Богдановиќ и Јокќ уфрлија по 11. Јокиќ беше и единствениот со дабл-дабл, додавјќи уште десет скокови и седум асистенции. На спротивната страна Дрел со 11 и Коностук со 10 дојдоа до двоцифрен број на поени.
Вториот натпревар кој се играше во истиот термин понуди многу поголема неизвесност и во него Финска ја совлада Шведска со 93-90.
Фото: FIBA