
Милевски повика двајца дебитанти за дуелите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн
На него има 26 фудбалери, главно проверени и со долг стаж, но се најдоа и двајца дебитанти. Едниот е напаѓачот Елмин Растодер кој има 24 години, настапува во Тун и има и швајцарско државјанство. Вториот е играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани кој е член на Динамо Киев на позајмица во редовите на македонскиот шампион.
По десетмесечна пауза, во репрезентацијата се враќа искусниот Дарко Велковски кој не беше во конкуренција за првите четири кола од квалификациите за Мундијалот. Тој воопшто не играше во 2025 година, а последниот настап за националниот тим го забележа против Фарски Острови, на 17 ноември 2024, во последното коло од Лигата на нации. Го нема Агон Елези кој доживеа повреда во дресот на Сараево, а недостасуваат и Манев и Ашковски.
Македонија на 4 септември во Прага ќе се сретне со Саудиска Арабија во пријателски меч, а три дена подоцна ќе го пречека Лихтенштајн во петтиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.