Беласица се врати по 0-2 и прва направи изненадување во Купот на Македонија!

Второлигашот Беласица се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија, откако денеска, по изведување пенали (3-2), го елиминира прволигашот Арсими, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 2-2.

Фаворитите со двата голова на Јахији, еден пред паузата и уште еден веднаш по стартот на вториот дел, но и покрај тоа струмичани не се предадоа. Тие во 61. минута намалија на 1-2, а откако гостите добија црвен картон, домашните ја искористија бројчаната предност и израмнија пред самиот крај. Одлучуваа пеналите, каде прволигашот прв ги загуби нервите и промаши двапати. Беласица возврати со две последователни грешки, но во петтата серија играчот на Арсими не реализираше, што им донесе славје на струмичани.

Со ова, Арсими стана вториот прволигаш кој завршува уште во првата фаза од Купот, по Брера.