
Португалија има ѕвер под кошевите, затоа лесно ја преслуша Чешка на стартот на ЕП!
Средбата во Рига не беше ефикасна, ниту убава за око, а за одбележување е само блескавиот настап на португалскиот центар, Немиас Куета. Тој одигра извонреден натпревар со 23 поени и дури 18 скока, од кои 15 во одбрана, што му донесе висок индекс-рејтинг од 39. Поддршка му даде Рафаел Лисбоа со 15 поени, додека во редовите на Чешка единствен двоцифрен реализатор беше Вит Крејчи со 10 поени.
Претходно денеска, Литваниоја беше подобра од Велика Британија.