
Ракометниот Суперкуп спектакл за првпат во Кавадарци!
Кавадарци за првпат ќе биде домаќин на еден ваков ракометен натпревар, а натпреварот ќе се одигра на 3 септември со почеток од 19:00 часот.
Во Суперкупот Вардар ќе игра за својот петти трофеј, додека битолскиот клуб ќе се обиде да дојде до својот трети. Минатата година Суперкупот му припадна на Алкалоид, па така јасно е дека сега ќе имаме нов победник.
Пелистер и Вардар летово веќе играа во Охрид каде што славеа битолчани, а исто така ќе се сретнат и кон крајот на овој месец на регионалниот турнир во Скопје.