Бизарно: Црногорец го пропушти стартот на ЕП зашто згазнал на - морски еж!

Кошаркарот на Црна Гора, Владимир Михаиловиќ, го пропушти првиот натпревар на својата репрезентација на Европското првенство (ЕП) попладнево против Германија и тоа поради бизарна повреда здобиена пред почетокот на подготовките.

Членот на хрватски Задар пред првите тренинзи на плажа нагазил на морски еж и една од иглите му се забила длабоко во ногата. Инцидентот му предизвикал силни болки, поради што пред неколку дена мораше да биде опериран. Според информациите од црногорската репрезентација, кошаркарот сега се чувствува подобро и се очекува наскоро да им се приклучи на соиграчите за продолжението од шампионатот.

Црна Гора се наоѓа во група со Германија, Литванија, Велика Британија, Финска и Шведска, која се игра во финскиот град Тампере.