
Билетите за ММА спектаклот во Скопје чинат од 400 до 10.000 денари!
Македонија на овој настан се очекува да ја претставуваат неколку борци меѓу кои ќе бидат и европските шампиони, Даниела Алексовска и Марко Трајановски, како и Никола Димовски и Костадин Георгиевски. Алексовска ќе се бори со Адила Флочеа од Молдавија, Трајановски со Петар Кликовац од Црна Гора, Димовски со Лучијан Вилчу од Германија, а а Георгиевски со Раде Новаковиќ од Србија.
Главната борба на вечерта ќе биде помеѓу Србинот, Никола Градинац и Грузиецот Гиорги Квелидѕе. Градинац во борбата влегува на местото на Јован Лека кој потпиша договор со УФЦ.
Организаторот ги објави цените на билетите за спектаклот, а тие се движат од 400 до 10.000 денари, во зависност од местоположбата. Најскапите (ВИП) се непосредно до кафезот и вклучуваат храна и пијалоци во текот на целиот настан, како и приватна атмосфера со највисок квалитет на услуга.