
Челси нуди 50 милиони евра за играч на Барса, Каталонците се на потег!
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека лондонскиот клуб испратил понуда од 50 милиони евра за Лопез.
Во некоја нормална ситуација Барселона веројатно би ја одбила понудата, но во овој момент ѝ се потребни пари за да ја ублажи финансиската криза.
Информациите се дека Барса ја студира понудата и го подготвува одговорот. Големи се шансите Фермин Лопез веќе да го одигра последниот меч во црвено-синиот дрес.