
Шок за Милан уште на стартот: Кремонезе ги однесе бодовите од Сан Сиро (ВИДЕО)
Кремонезе минатата сезона обезбеди пласман во италијанската фудбалска елита и ждрепката сакаше во воведниот круг да им гостува на „росонерите“. Иако прежален пред мечот, одигра херојски натпревар и ги однесе бодовите од Сан Сиро.
Изненадувањето беше најавено во 28. минута кога Баскирото го отвори резултатот за на истекеот на првото полувреме Павловиќ да израмни на 1-1. Се чинеше дека Милан во вториот дел ќе запне и ќе се потруди да дојде до победата, но такво нешто не дозволи Бонацоли кој со атрактивни „ножички“ повторно го донесе Кремонезе во водство, а со тоа и го постави конечниот резултат.
За Милан дебитираше Лука Модриќ на натпревар во Серија А, но хрватскиот ас не успеа да придонесе за подобар резултат.
фото: EPA photo