Второлигашите ја почнуваат сезоната во која речиси половина од нив може да испаднат!

Денеска со почеток од 17 часот се игра првото коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Оваа сезона во Втората лига речиси сите позиции на табелата ќе бидат важни, се очекува борба до последното коло, а бодовите да бидат важни за сите клубови.

Причина за тоа е најавеното кратење на лигата која од 16 екипи ќе се намали на 14, а важно е и кратењето во Првата лига бидејќи и од таму ќе се слеат повеќе тимот.

Од Втората лига директно ќе испаднат четири екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, што значи дека седум од 16 тимови би можеле да се преселат во понизок ранг. Оваа сезона само првиот директно влегува во Првата лига, вториот и третиот ќе играат бараж за влез во елитата.

Главен фаворит за првото место треба да биде Брегалница, од втор план се екипите на Беласица, Шкендија Арачиново, Скопје...

Од оваа сезона сите натпревари од Втората лига ќе бидат емитувани во директни преноси преку „ЈуТјуб“ каналот на ФФМ.

Денеска се играат сите натпревари од првото коло со почеток од 17 часот.

ВМФЛ 1. коло

Вардар Неготино - Тетекс
Брегалница - Кожуф
Новаци - Победа
Каменица САСА - Осогово
Преспа - Шкендија Арачиново
Охрид - Беласица
Скопје - Слога 1934
Големо Коњари - Детонит Плачковица