
Ѓоковиќ: Србија е на работ на граѓанска војна
Состојбата во Србија е далеку од нормална, претседателот Александар Вучиќ се обидува да се одржи на власт, додека незадоволните од неговото владеење предводени од студентите се обидуваат да го урнат.
„Не сакавме да го преселиме турнирот, тоа е се што можам да кажам. За жал, така е. Од наша страна секогаш постои желба. Мојот брат Ѓорѓе кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација да мора да го пресели. Се надевам дека во годините кои доаѓаат ќе дојдат и подобри времиња, па турнирот ќе го вратиме назад и во повисока категорија. Белградската публика сака тенис, а Србија во последните две децении стана земја на тенисот благодарение на сите наши успеси“, вели Ѓоковиќ.
„Состојбата во земјата е таква што на луѓето веројатно спортот сега им е последната работа на која мислат. Многу работи се случуваат, голема транзиција. Без да навлегувам во политика, се надевам дека страстите ќе се смират. Ситуацијата ескалираше, практично сме на работ на граѓанска војна. Сакам да верувам дека се ќе се смири, но засега нема знак дека тоа ќе се случи“.
Новак Ѓоковиќ веќе подолго време им дава поддршка на српските студенти кои се обидуваат да ја променат власта.