
Цела Шпанија се сврте против Виљареал и Барса, пропаѓа мечот во Мајами!?
Од ден на ден, овој план има се повеќе противници, од клубовите, фудбалерите, Федерацијата до државните институции во земјата. Нејасно е што точно им пречи на сите нив бидејќи ваква идеја имаше и во 2019 година кога Жирона и Барселона требаше да играат исто така во Барселона, но тогаш дозвола одби да даде само Фудбалската федерација на Шпанија, додека другите немаа никаков проблем со тоа.
Во текот на вчерашниот ден, Асоцијацијата на професионални фудбалери донесе одлука да се спротивстави на овој дуел, а еден од потписниците, како капитен на Барселона, е и голманот Марк Андре Тер Штеген. Клубовите веќе одамна се кренаа против идејата, но постапка сега почна Спортскиот суд на Шпанија.
Иако до планираниот натпревар во Мајами има уште безмалку четири месеци, се појасно станува дека ќе биде многу тешко тој да се одигра надвор од Шпанија.