
Манчестер Сити го задржа клучниот дефанзивец најмалку до – 2029 година!
Двете страни се договорија и за можност од дополнителна сезона, ако се најде заеднички јазик.
„Денеска сум пресреќен. Манчестер е мој дом, а навивачите ги чувствувам како свое семејство“, изјави Дијас за клупскиот сајт.
Претходниот договор на Дијас важеше до 2027 година. Тој пристигна во Сити во 2020 година од Бенфика за 65 милиони фунти. Португалецот досега има одиграно 223 натпревари во сите конкуренции и постигна четири гола. Со клубот освои Лига на шампиони, четири титули во Премиерлигата, еден ФА Куп и еден Лига Куп.