Ливерпул не сака драма: Слот се откажа од Исак, сакал друга ѕвезда во нападот!?

Англискиот шампион Ливерпул долго време се обидуваше да го ангажира Александар Исак, но Њукасл одбиваше да го продаде, па поради тоа гигантот од „Енфилд“ се насочи кон друга ѕвезда.

„Дефенса Сентрал“ пишува дека премиерлигашот наскоро ќе испрати понуда до Реал Мадрид за услугите на Винисиус Жуниор.

Засега не е познато дали „кралевите“ се подготвени да го продадат Бразилецот, меѓутоа би размислиле доколку пристигне понуда од 150 милиони евра.