Џексон на „слатки маки“, неколку гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис!

Напаѓачот на Челси, Нико Џексон, се наоѓа пред заминување од лондонскиот клуб, а последните информации велат дека интересот за него е огромен. Ситуацијата околу Сенегалецот добива на интензитет во последните денови од трансфер-периодот, со оглед дека повеќе европски гиганти влегуваат во трката.

Еден од најсериозните кандидати е Астон Вила, предводена од Унаи Емери, кој во минатото му беше тренер на Џексон во Виљареал и сега сака повторно да соработува со младиот напаѓач. Екипата од Бирмингем веќе работи интензивно за да го донесат на „Вила Парк“.

Но, Астон Вила не е единствена. Во игра се споменуваат и Баерн Минхен и Њукасл Јунајтед, а можно е и други клубови да се приклучат во трката во последен момент. Се очекува вистинска трансфер-драма до самиот крај на преодниот рок.