
Алкалоид продолжува да реди победи во пресрет на новата ракометна сезона!
Ова е нивна трета победа по ред летово, по успесите против Прилеп и Дубочица. Тренерот Кирил Лазаров повторно им даде можност за настап на сите играчи, со што ја задржа практиката од претходните средби.
Сесвете е еден од трите хрватски претставници во Европската лига со големи изгледи да се најдат во групната фаза на ова натпреварување, што е показател за значајноста на триумфот на „фармацевтите“
Алкалоид подготовките ќе ги продолжи со контролни натпревари против словенечки екипи.