Златниот кошаркар на Србија доби злато вреден совет: Немој да бидеш будала како татко ти!

Кадетската репрезентација на Србија го освои златото на Европското првенство во Грузија, а најголемо внимание привлече Лазар Миличиќ, наследник на некогашниот НБА центар, Дарко Миличиќ, со оглед што тие станаа станаа први татко и син во историјата кои освоиле златни медали во кадетска конкуренција.

Миличиќ сениор, кој важи за еден од најталентираните кошаркари од овие простори на сите времиња, често јавно зборува за своите падови и лоши искуства од кариерата. Пред неколку години тој откри дека на својот син му дал јасен совет – талентот сам по себе не е доволен без работа и дисциплина.

„Немој да бидеш будала како татко ти. Бог ми даде талент, но мислев дека тоа е доволно и дека не треба ништо повеќе да правам. Тоа беше најголемата грешка во мојата кариера. На моите деца им објаснувам дека трудот и посветеноста се единствениот пат кон успех“, изјави Миличиќ.

Поранешниот НБА кошаркар призна дека темпераментот и грешките од младоста го чинеле поголеми успеси, но денес е благодарен што има можност своето искуство да го пренесе на децата. Особено на Лазар, кој покрај таткото како пример, има и нови идоли – меѓу нив Јанис Адетокумбо.

„Кога ми вели дека сум му број еден, но дека и Адетокумбо му е идол, секогаш му кажувам - ‘Сине, тато своето го заврши, време е ти да се искачиш уште повисоко’“, додаде Дарко.

Миличиќ влезе во НБА како избор на Детроит пистонс од втората позиција на драфтот во 2003 година, само зад Леброн Џејмс, а пред величини како Кармело Ентони, Крис Бош и Двејн Вејд. Тој не се снајде најдобро и не го потврди својот талент, најмногу поради мрзливоста и темпераментот, кој му донесе „слава“ и со бруталното пцуење и навредување на судиите по поразот на Србија од Грција на ЕП 2007 година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)