
Тројца талентирани пливачи ќе ги бранат боите на Македонија на младинското СП!
Прв во вода ќе влезе олимпиецот Никола Ѓуретановиќ, кој ќе се натпреварува во најдолгите дисциплини – 400, 800 и 1500 метри слободен стил. Петар Цеков ќе плива во истите две најиздржливи трки, како и на 400 метри мешано, додека Софија Дамјанова ќе настапи на 50 и 100 метри делфин, како единствена претставничка во женска конкуренција.
Тројцата доаѓаат од ПК Вардар 2018, под водство на тренерот Горан Стаменов. Нивното учество е обезбедено благодарение на исполнетата строга норма за настап на овој престижен натпревар.