Спектакл во САД опен: Алкараз со девојката против Ѓоковиќ и ќерката на кошаркарска легенда!

Ждрепката за турнирот во мешани двојки на Ју-Ес Опен, кој започнува оваа недела, донесе интересни и атрактивни дуели, а најголемо внимание привлекува парот составен од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Британката со романско потекло, Ема Радукану.

Причина за тоа е фактот што подолго време се шпекулира дека се во љубовна врска, а двојката веќе потврди дека ќе настапи заедно на турнирот. Меѓу другите познати парови кои добија специјална покана се и српскиот дуо Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ, која е ќерка на кошаркарската легенда, Педраг Даниловиќ, како и Венус Вилијамс и Рајли Опелка, Ига Швјонтек и Каспер Руд, Белинда Бенчиќ и Александар Зверев, Ема Наваро и Јаник Синер и Мира Андрејева со Данил Медведев. Српската двојка на стртот ќе игра против рускиот двоец Медведев/Андрејева, а победникот од тој меч ќе се соочи со подобриот од дуелот Џесика Пегула/Џек Дрејпер – Алкараз/Радукану.

Ју-Ес Опен годинава воведе значајни промени на турнирот во мешани двојки, кој започнува утре за време на квалификациите за сингл, наместо да се игра за време на главниот дел на турнирот. Наместо 32, сега учествуваат само 16 тимови - половина добива директен влез според индивидуалниот ранг, а другата половина добива специјални покани. Првите рунди се играат на два освоени сета до четири гемови, со тај-брејк на 4-4. Ако е 1-1 во сетови, се игра супер тај-брејк до 10 поени. Финалето се игра според класичен формат, со сетови до шест гемови и тај-брејк на 6-6.

Наградниот фонд е значително зголемен - победничкиот пар ќе добие 1.000.000 долари, споредено со 200.000 во 2024 година.

ФОТО: EPA PHOTO