
Одбојкарите ривалите на ЕП ќе ги добијат во градот во кој остварија – историски успех!
Македонската репрезентација повторно ќе биде дел од елитната континентална конкуренција и тоа како една од најдобрите второпласирани селекции во квалификациите, што беше осигурено со синоќешната убедлива победа на домашен терен против Грузија. Националните тимови на Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција и Словачка се пласираа како најдобри во своите групи, додека покрај Македонија таму се најдоа уште четири второпласирани тимови – Летонија, Турција, Израел и Шведска. Домаќини на ЕП 2026 се Италија, Финска, Бугарија и Романија, додека репрезентациите на Полска, Словенија, Франција, Холандија, Србија, Украина, Германија и Португалија обезбедија настап со пласманот од претходното ЕП.
Европското првенство ќе се одржи во периодот од 9 до 27 септември следната година.