Брера и Пелистер во битка за првите бодови!

Денеска со почеток од 17 часот во Струмица, Брера го пречекува Пелистер во последниот натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига (ПФМЛ).

Двете екипи имаа лошо старт на сезоната, Брера беше прегазена од Силекс, а Пелистер доживеа тежок пораз на гостувањето кај Вардар во вечното дерби.

Денеска некоја од двете кипи ќе ги прокнижи првите бодови на контотот, а може и обете долку натпреварот заврши нерешено.

Тренерот на Брера, Панче Стојанов вели дека мечот во Кратово е минато, фокусот е само на Пелистер.

„Тоа е зад нас, го анализиравме тоа што се случи и ги направивме потребните корекции. Знам дека тимот е добро подготвен, но ќе мора да го даде својот максимум ако сакаме бодовите да останат во Струмица. Пелистер е цврста екипа, имаат одличен тренер кој го почитувам, но и ние сме подготвени. Гледаме напред и ќе одиме на позитивен резултат, но само со комплетно залагање можеме да стигнеме до победа. Имаме млад тим, можеби две третини се играчи до 20 години, но ќе мора да поработат на својата концентрација и да не дозволат да им се случуваат падови. Ростерот ни е ист, промени нужно ќе има поради црвениот картон на Величковски, но најважно е да демонстрираме нов пристап“, вели Стојанов за ФФМ.

Стратегот на Пелистер, Капинковски смета дека на денешниот меч нема фаворит.

„Ждрепката сакаше во првите четири натпревари три пати да играме како гости. Брера исто како нас имаше дуел во кој играше со противник што отскокнува со својата форма, па резултатот сигурно не е одраз на вистинскиот капацитет на струмичани. Тие беа рамноправен противник се до моментот кога останаа без еден играч, а потоа паднаа во финишот. Мислам дека никој не влегува во овој натпревар како фаворит, па мечот може да биде решен од играч што ќе има свој ден или онаа екипа што ќе има повеќе среќа во реализацијата. Ние ќе пристапиме нормално, како кон секој друг натпревар. Нашата екипа е во создавање, но целта ни е што поскоро да влеземе во играчка форма и да се надигруваме, да освојуваме бодови. Очекувам позитивни резултати што поскоро, па со нетрпение ги исчекуваме и овој натпревар со Брера, но и следниот што ќе го играме под рефлектори на домашен терен со Шкупи“, вели тренерот Капинковски.