Сантос прими шест гола, Нејмар не можеше да престане да плаче (ВИДЕО)

Екипата на Сантос доживеа дебакл на домашен терен откако ноќеска загуби од Васко да Гама со 0-6.

Тоа е еден од најтешките порази во поновата историја на клубот, а секако најтежок во кариерата на капитенот Нејмар. Разочарани беа навивачите кои им го свртеа грбот на фудбалерите во финишот, а од големиот срам заплака и Нејмар по завршувањето на мечот. Да биде иронијата поголема, натпреварот почна со мала свеченост во чест токму на Нејмар кому ова му беше 250. настап во дресот на Сантос.

Стрелец на два гола за Васко да Гама беше Фелипе Кутињо, додека по еден постигнаа Питон, Дејвид, Рајан и Невес. Одговорноста за дебаклот ја презеде тренерот Клебер Ксавиер кој поднесе оставка непосредно по завршувањето на мечот.