
Повредата на Дончиќ е „ситна“ - ќе биде подготвен за спектаклот во Белград!
Ѕвездата на ЛА Лејкерс нема да отсуствува подолго од паркетот, со оглед што повредата на десната нога, поради која ја напушти играта во третата четвртина, не е сериозна. Во моментот на замена, Дончиќ веќе имаше постигнато импресивни 26 поени за само 20 минути. Откако почувствува непријатност, веднаш замина во соблекувалната, што предизвика загриженост кај соиграчите и стручниот штаб.
Словенија загуби од Летонија (88-100), но за кошаркарските фанови во регионот најважната вест е дека Лука ќе биде подготвен за следниот тест – спектакуларната пресетка против Србија на Никола Јокиќ закажана за 21 август во „Штарк арена“ во Белград.