Словенците излегоа со информација за повредата на Лука Дончиќ!

Кошаркарската федерација на Словенија се огласи за тежината на повредата на Лука Дончиќ која ги загрижи сите, за среќа таа не е сериозна.

Дончиќ се повреди на пријателски меч против Летонија откако соиграч му падна на ногата. Ѕвездата на Лејкерс во болка го напушти теренот, по што под знак прашалник го стави неговото учество на Европското првенство.

Сепак, денешните информации се одлични, повредата на Дончиќ не е сериозно, тој веднаш се враќа на тренинзите и ќе биде подготвен за Европското првенство кое почнува за десет дена.

„По натпреварот во Рига, репрезентацијата во понеделник ќе продолжи да тренира, а веќе во вторник на програмата е пријателскиот меч со Велика Британија во „Стожице“. Капитенот Лука Дончиќ исто така ќе тренира нормално со остатокот од тимот откко со многу среќа ја заврши средбата со Летонија без посериозна повреда“, стои во соопштението на Словенечката кошаркарска федерација.