
Британскиот Мајк Тајсон го прегази ривалот за само – 100 секунди (ВИДЕО)
Борбата траеше помалку од две минути, а младиот боксер, кој во Англија го нарекуваат „британски Мајк Тајсон“, веднаш нападна со брзи комбинации и го испрати Вајт во нокдаун. Судјата немаше избор освен да го прекине мечот. Итума по триумфот изјави дека сака во иднина да се соочи со едно од четирите големи имиња - Хрговиќ, Усик, Паркер или Кабаиел. Сепак, тој откри и дека неговиот тим инсистира на борба со Џермејн Френклин, што е и најреална опција.
Причината за тоа е што Френклин има скор 23-2, никогаш не бил нокаутиран и се смета за издржлив противник. Досега Итаума лесно се справуваше со сите ривали, а последните девет меча ги доби во првите две рунди.