
Меси мајсторски се врати по повредата – со гол за победа на Мајами (ВИДЕО)
Тој не се најде во стартната постава на составот од Флорида, но влезе во игра на стартот од второто полувреме. Меси во 84. минута донесе водство од 2-1 за својот тим, а пет минути подоцна Луис Суарез ја потврди победата со трет погодок.
Претходно, Жорди Алба го отвори резултатот за Интер, а Галакси успеа привремено да израмни. Со новиот погодок, Меси стигна до 875 голови на 1.116 официјални натпревари во неговата блескава кариера.
ФОТО: X / @InterMiamiCF