Јокиќ во дуелот со Чешка измисли ново додавање со кое го одушеви светот (ВИДЕО)

Со спектакуларно додавање во неговиот уникатен стил, Никола Јокиќ ја воодушеви публиката и соиграчите во синоќешната победа на Србија над Чешка (113:84) во полуфиналето на „Суперкупот“ во Минхен.

Центарот во третиот период со една рака, во одбојкарски стил, веднаш по приемот ја испрати топката кон соиграч во контранапад – потег кој беше избран како најдобар момент на натпреварот. Јокиќ не мина многу време на теренот, но, сепак остави силен впечаток со 12 поени, четири скока и шест асистенции, а поради неговата феноменална креативност во САД беше прогласен за „луд“.

Србите рутински ја совладаа Чешка, постигнувајќи дури 61 поен во првото полувреме и осигурувајќи ја победата уште во третата четвртина. Богдан Богдановиќ беше најефикасен со 20 поени, а селекторот Светислав Пешиќ им даде минути на сите кошаркари. Нашиот северен сосед вечерва ќе игра во финалето против Германија, која претходно ја совлада Турција со 73-71.