Кошкање меѓу фудбалерите по победата на Вардар во Кавадарци (ВИДЕО)

Екипата на Вардар славеше победа од 1-2 на гостувањето против Тиквеш во натпревар во кој помина во една тензична атмосфера.

Дел од навивачите на Тиквеш на полувремето беа отстранети од трибината поради фрлање на пиротехнички средства на теренот, а по завршувањето дојде до една мешаница.

Имено, неколку фудбалери на двата незадоволни од одредени случувања бурно реагиираа и влегоа во клинч. За среќа набрзо ситуацијата беше расчистена и не дојде до поголем инцидент.

Пред крајот на средбата поради протести видовме и еден црвен картон кој судијата го додели на член од стручниот штаб на „црвено-црните“.