„Бомбата“ Ивановски дојде предоцна, Вардар се радуваше во Кавадарци! (ФОТО+ВИДЕО)
Беше Вардар подобар протинвик на теренот од самиот почеток и имаше иницијатива, но сепак изостануваа посериозни прилики пред голот на домаќините, па на пауза се замина со почетниот резултат.
На паузата помеѓу двете полувремиња имаше и реакција од полицијата на стадионот која исфрли дел од навивачите на Тиквеш поради фрлање пиротехнички средства на теренот.
По само осум минути игра во второто полувреме Вардар стигна до гол за водство преку Мислав Матиќ кој беше највисок во шеснаесетникот по еден изведен корнер.
Во продолжение скопскиот состав сигурно ја чуваше предноста за во 68. минута, повторно по еден корнер да дојде и до втор гол, сега стрелец беше Роџерс Мато. Mрежата на Тиквеш ја затресе и Омерагиќ, но неговиот погодок беше поништен поради недозволена позиција.
Тиквеш во самата завршница кога се играше втората минута од судиското продолжение дојде до гол преку Ивановски, меѓутоа веќе беше предоцна за нешто повеќе.
За Тиквеш денешниот пораз беше прв во сезоната откако во првото коло ремизираа со Работнички, исто така на домашен терен.
Терминот од 17:00 часот денеска донесе и уште еден натпревар во кој дебитантот Арсими за првпат играше пред своите гледачи во ПМФЛ и претрпе пораз од Струга со 1-2, иако на полувремето имаа предност од 1-0.
Струга како и Вардар стигна до својот втор триумф, во првото коло беа подобри од Македонија Ѓорче Петров на свој терен со 2-0.