
Кошкање меѓу фудбалерите по победата на Вардар во Кавадарци (ВИДЕО)
Дел од навивачите на Тиквеш на полувремето беа отстранети од трибината поради фрлање на пиротехнички средства на теренот, а по завршувањето дојде до една мешаница.
Имено, неколку фудбалери на двата незадоволни од одредени случувања бурно реагиираа и влегоа во клинч. За среќа набрзо ситуацијата беше расчистена и не дојде до поголем инцидент.
Пред крајот на средбата поради протести видовме и еден црвен картон кој судијата го додели на член од стручниот штаб на „црвено-црните“.