
Реал Мадрид добива 30 милиони евра за фудбалер кој ги напушти пред три години?
Имено, Атлетико Мадрид според шпанските медиуми се распрашувал за услугите на Јапонецот, Такефуша Кубо кој го носи дресот Реал Сосиедад.
Планот на Атлетико Мадрид е да ја активира откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 60 милиони евра, а половина од таа сума би завршила во касата на градскиот ривал на „јорганџиите“.
Реал Мадрид пред три години го продаде Кубо на Реал Сосиедад за 5.6 милиони евра, меѓутоа договори да добие 50% од сумата од неговиот нaреден трансфер.
Кубо има само 24 години и неговиот договор со Реал Сосиедад има важност до 2029 година, а минатата сезона ја заврши со учинок од седум гола и четири асистенции на 52 натпревари.
Фото. Real Sociedad/X