Во Ѓорче пристигна Колумбиец кој првпат ќе игра во Европа

Екипата на Македонија Ѓорче Петров денеска потврди уште едно засилување и тоа Колумбиецот Екснејдер Гуереро Кинтатана.

Станува збор за 28 годишен офанзивен фудбалер кој игра како лево крило и пристигнува од Панама од екипата на Умесит која се натпреварува во најсилната лига во оваа земја.

Пред Панама настапуваше за неколку колумбиски клубови како, Јагуерас, Атлетико Хула, Индепендиете Санта Фе, Попајан и Киндо каде што ја започна кариерата.

За него ангажманот во редовите на „Лавовите“ ќе биде прв во Европа.