КФМ ги пушти во продажба билетите за Унгарија - цената е популарна!

Македонската кошаркарска репрезентација по трите порази во претквалификации ќе се соочи со Унгарија на домашен терен во рамките од последното коло во групата „Е“ , а федерацијата денеска ги пушти во продажбаа билетите за оваа средба.

Продажбата на билети се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“, а цената е популарна и изнесува 150 денари за сите позиции во салата.

Натпреварот се игра во СРЦ „Кале“ на 20 август во терминот од 19:00 часот.

„Дојдете да победиме заедно“, порачуваат од КФМ.