
„Загрижувачка е психичката состојба на Дејан Станковиќ“
Некогашниот фудбалер на Интер, Лацио, Црвена Звезда итн. во моментов е тренер на Спартак Москва, клуб во кој своевремено работеше и Алејничев. Станковиќ имаше неколку испади последните месеци поради што и некогашниот руски репрезентативец смета дека треба да работи на себе.
„Загрижувачка е психичката состојба на Станковиќ, воопшто не ми се допаѓа неговото однесување. Делува како да е уморен од тимот, погледнете каков беше на почетокот, а каков е сега. Неодамна на прес-конференција изјави дека има три опции: да се смени тренерот, да не се смени или тој сам да си замине. Тоа е порака до навивачите, управата, а можеби и до самиот себе и тоа е загрижувачки“, рече Алејничев кој има и титула во Лигата на шампионите, освоена со Порто во 2004 година.
Станковиќ е тренер на Спартак повеќе од една година откако на 1 јули 2024 година беше назначен на функцијата. Договорот со овој славен руски клуб му важи до крајот на оваа сезона.