Шкендија пред најголемиот предизвик - продава еден од најдобрите играчи!

Македонскиот шампион Шкендија оваа сезона испиша клупска историја, се пласира во лигашки дел од европско натпреварување, но на тоа патување ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери, Фабрис Тамба.

Според сенегалскиот медиум „Меч360“, трансферот е договорен. Шкендија го продава Фабрис Тамба на турскиот клуб Амедспор.

Двата клуба постигнале договор за висината на обештетувањето, а турскиот клуб ги договорил и личните услови на Тамба кој ќе стави потпис на тригодишен договор.

Уште не се знае за која сума Шкендија го продава својот фудбалер, според „Трансфермаркт“, неговата вредност е 225.000 евра.

Ова е непопуларен потег на тетовскиот клуб, пред најголемиот европски предизвик да продаде играч како Тамба, но има доволно време до крајот на преодниот рок да се најде соодветна замена за Сенегалецот.