Полицијата приведува тренери и фудбалери на Кожуф и Башкими осомничени за – местење!

Македонската полиција утринава спровела опсежна акција против осомничени за местење натпревар од минатата сезона во Втората лига помеѓу екипите на Кожув и Башкими, кој заврши со победа на гостите од Куманово (2-1) со срамен гол во судиското надополнување (види ТУКА).

Според извори блиски до истрагата, меѓу вмешаните се фудбалери, тренер и членови на управните одбори на двата клуба. Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Јавното обвинителство обезбедило наредби за претрес на повеќе локации во Гевгелија, при што биле запленети материјални докази за вмешаност на седум лица. Од МВР истакнуваат дека преку акцијата преку Бирото за јавна безбедност се испраќа јасна порака: криминалот нема да биде толериран, без разлика дали се случува на улица, во институција или на спортски терен.

Спорниот меч се одигра во мај, во кој на Башкими му требаше победа со цел да остане во игра за место во Првата лига, што на крајот и успеа да го избори и преку бараж да се врати во фудбалската елита.