Исак станува голем проблем за Њукасл, напаѓачот не е во составот за првото коло!

Александер Исак форсира заминување од Њукасл, одбива да игра за тимот, а и дефинитивно нема да настапи на дуелот од првото коло против Њукасл.

Името на Исак го нема меѓу играчите кои се пријавени за мечот со Астон Вила, неговата ситуација треба да биде решена во наредните денови.

Њукасл за да го продаде треба да се случат две работи, да пристигне соодветна понуда и тие да најдат негова замена.

Не успеаа да го купат Бенјамин Шешко, сега се шпекулира за Душан Влаховиќ, но уште нема нешто конкретно.

„Ситуацијата на Алекс е непроменета некое време, мислам дека тоа ќе продолжи да биде така“, рече тренерот на Њукасл, Еди Хоу.