
„Опта“ ја предвиде новата сезона - Јунајтед и Тотнем пак ќе бидат ужас!
Според предвидувањето на „Опта“ во новата сезона нема да има многу промени од претходната, а редоследот на првите шест е ист.
Ливерпул ќе биде шампион, Арсенал пак ќе му биде најголем конкурент, а во топ четири ќе завршат и Манчестер Сити и Челси.
Манчестер јунајтед и Тотнем ќе бидат малку подобри од лани, но пак во вториот дел од табелата.
Од лигата ќе испаднат тие што влегоа, Барнли, Лидс и Сандерленд.
Многумина од фудбалските фанови сметаат дека оваа прогноза ќе биде голема утка, реалноста ќе биде сосема поинаква.