
Кевин Дурант во врска со кошаркарката која призна дека обожава секс!? (ФОТО)
Пред три дена Австралијката објави фотографија од концерт на Дрејк во Швајцарија, а до неа е славниот кошаркар.
„Само за шутери“, напиша Кембиџ на својот профил при што го тагна и профилот на Дурант, а на фотографијата е таа во поза која означува шут.
Кошаркарот потоа ја реобјави фотографијата кај себе и неа можеа да ја видат неговите над 13 милиони фанови. Двајцата демантираат дека се во врска, но анонимни извори изјавиле дека во последно време многу често се заедно.
За кариерата на Дурант се знае многу, но и Кембиџ може да се пофали со многу успеси на спортски план. Во 2011 година беше избрана како втор пик на ВНБА драфтот, играше за неколку екипи од најсилната светска женска кошаркарска лига, има и индивидуални трофеи, а последниот ангажман го имаше во кинескиот Сичуан. Сепак, оние кои не следат многу кошарка, ја знаат по нејзината контроверзна изјава од пред неколку години.
„Висока сум 203 сантиметри и обожавам секс“, рече тогаш Австралијката која во меѓувреме отвори и профил на Онли фанс