
Нема подобар подарок за 18-ти роденден: Аргентинскиот „вундеркид“ потпиша за Реал
Во Мадрид, Мастантуоно пристигна од Ривер Плата, а договорот со мадридскиот клуб го потпиша на својот 18-ти роденден.
Финансиските детали од трансферот не се соопштени, но медиумите наведуваат дека Реал Мадрид за овој трансфер издвоил сума од околу 65 милони евра.
За првиот тим на Ривер Плата младиот Аргентинец одигра 64 натпревари и постигна десет голови. Оваа година дебитираше и во репрезентацијата на Аргентина.
Најмногу во изминатата сезона се истакна со спектакуларниот гол од слободен удар во големото дерби против Бока Јуниорс. Во Реал Мадрид ќе настапува со дресот број „30“ на грбот.