
Англичаните не се како Шпанците и Италијанците: Такво нешто не ни паѓа на памет!
Пред неколку дена Шпанија потврди дека натпревар од Ла Лига ќе се игра во Мајами, додека од Италија не е потврдено, но Милан и Комо во февруари би требале да играат во Перт, Австралија.
Во претходните години натпревари надвор од Европа се играа од италијанскиот и шпанскиот Суперкуп, меѓутоа такво нешто во англискиот фудбал, барем во блиска иднина нема да има.
„Такво нешто не е ниту блиску до моите и идеи и она за што разговараме на состаноците“, истакна МAстерс.
Сепак, медиумите истакнуваат дека во Премиер лигата има 11 клубови во сопственост на американски компании што е блиску до двотретинско мнозинство што би било доволно да се променат правилата.
Новата сезона во Премиер лигата започнува утре со натпреварот помеѓу Ливерпул и Бормут од 21:00 часот на „Енфилд“.
Фото: Premier League/FB