Бабунски пред промоција, потпишува за клубот каде што Миовски блескаше!

Според последните информации од Шкотска, македонскиот фудбалер Давид Бабунски кој се раздели со Данди Јунајтед кариерата ќе ја продолжи во Абердин.

Наводно поранешниот клуб на Бојан Миовски веќе е во завршна фаза од преговорите со Бабунски и наскоро сѐ би требало да биде потврдено.

Бабунски Данди го напушти по само една сезона откако пристигна Мезоковешд и за овој клуб одигра 20 натпревари во кои постигна еден гол и додаде една асистенција.

Низ кариерата, Бабунски претходно беше дел од Деберецен, Вторул, Ботошани, Омја, Јокохама, Црвена Звезда и помина и низ младинските категории на Барселона.

Дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 18 натпревари.

Фото: Dundee United FC/X