Астон Вила му го расипува планот на Жозе Мурињо!

Фенербахче вчера со победа од 5-2 го исфрли Феенорд и се пласираше во плејофот за пласман во Лигата на шампиони, но Жозе Мурињо уште го нема тимот кој го посакува.

На Мурињо му фалат уште неколку засилувања за да изгради тим каков што посакува, но раководството не работи според неговите желби, па Португалецот е во проблем.

Една од неговите најважни цели во овој преоден рок беше играчот на ПСЖ, Марко Асенсио кој нема иднина во францускиот клуб.

Долго се шпекулираше дека тој ќе направи трансфер во Фенербахче, но големи се шансите тоа да не се случи, причината е Астон Вила.

Асенсио минатата полусезона ја мина како позајмен играч на Астон Вила, а информациите на „Телеграф“ велат дека англискиот клуб се надева дека ќе го потпише фудбалерот на перманентна основа.

Астон Вила финансиски е помоќна од Фенербахче, а и настапот во Премиер лигата е друга димензија во споредба со турската лига, па Англичаните се поблиску до потписот на Асенсио отколку Турците.