Бразилец ќе тресе мрежи за Куманово!

Eкипата на Форца Куманово која е шампион на Македонија во футсал во своите редови доведе големо засилување, Бразилецот Постиго де Алмеида Рикардо или пократко, Игор Постиго кој пристигнува со големо искуство зад себе.

Тој во Македонија пристигнува од Првата лига во Чешка каде што го носеше дресот на Интер Кадан, а според најавите се истакнува со технички способности и одлична визија на играта.

Покрај амбициите во домашното првенство, кумановскиот клуб исто така е учесник и во Лигата на шампионите.