Вардар одреди популарни цени на билетите за новата сезона

Поранешниот македонски шампион Вардар ги одреди цените на билетите за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

На редовната седница беа одредени популарни цени, па така билетите ќе се продаваат по 100 и 200 денари.

„На последната редовна седница на одборот на директори на АД ФК Вардар донесена е одлука: Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26, да биде за југ 200, и исток 100 денари“, соопштија од Вардар.

Вардар ја почна сезоната со убедлива победа од 4-1 против Пелистер во Првата лига.