Величковски со ужасен старт му ја дупна главата на Џеков (ВИДЕО)

Силекс со 5-0 ја декласира Брера Струмица во воведното коло од македонската Прва лига, а мечот го одбележа и ужасниот старт на Никола Величковски.

Величковски невнимателно ја крена ногата и го удри дефанзивецот на Силекс, Ѓорѓе Џеков кој остана со дупната глава, а судијата му покажа црвен картон.